ERROR!
- Почетна
- За Нас
- Услуги
Општа Медицина
Примарната здравствена заштита е филтер во здравствениот систем низ кој поминува најразличен состав на пациенти со најразлични здравствени проблеми (Повеќе...)
Радиодијагностика
На ова одделение се изведуваат сите рутински и контрасни РТГ иследувања на абдомен, желудник и дуоденум, снимања на жолчно кесе и канали, (Повеќе...)
Лабораториски Услуги
Поставувањето на правилна и точна дијагноза при секој лекарски преглед зависи од точноста и исправноста на лабораториските наоди (Повеќе...)
Систематски Прегледи
Иако главна цел на медицината е да ги лекува болестите сепак,во основа се стреми тие да се спречат.Понекогаш болестите е невозможно (Повеќе...)
Стоматологија
Иако главна цел на медицината е да ги лекува болестите сепак,во основа се стреми тие да се спречат.Понекогаш болестите е невозможно (Повеќе...)
- Персонал
- Новости
- Блог
- Настани
- Контакт

Општа Медицина
Спирометрија
ЕКГ
Наједноставна неинвазивна дијагностичка метода која ни овозможува преку снимањето на електричната активност на срцето да направиме првична проценка за брзината и ритамот со кои работи срцето, присуство на оштетувања на срцевиот мускул, а воедно и проценка на ефектот од терапија со некои лекови. ЕКГ-то е трансторакална метода која се изведува со прицврстување на електроди на површината на кожата директно поврзани со апарат кој ја снима и пренесува електричната активност на срцето на хартија.
ЕКГ Холтер Мониторинг
ЕКГ- Холтер мониторинг е неинвазивна метода која се изведува амбулантски и има голема дијагностичка вредност кај срцевите аритмии. Вообичаениот електрокардиограм трае многу кратко за да се постави или исклучи дијагно за на срцева аритмија. За изведување на оваа постапка на градниот кош на пациентот се прицврствуваат електроди поврзани со мал пренослив апарат кој го снима срцевиот ритам во тек на 24 или 48 часа. За време на носењето на овој апарат пациентот ги обавува сите нормални дневни активности зашто добива претходни инструкции од медицински обучен персонал.
24 Часовен Холтер
Крвниот притисок кој што се мери во ординација, генерално претпоставуваме дека го претставува Вашиот „вистински“ крвенпритисок, или просечно ниво во еден временски период. Но, ова не е секогаш случај: многу луѓе стануваат напнати и нервозни кога одат на лекар, па нивниот крвен притисок се покачува. Овој феномен се нарекува „хипертензија условена од бел мантил“. 24 часовниот (или амбулаторен) мониторинг, претставува техника која што овозможува мерење на крвниот притисок надвор од лекарската ординација за времена 24 часовни нормални актвности на пациентот.
Холтер-мониторот е со големина на вокмен и се носи закачен на каиш околу појасот. Преку тенко гумено црево е поврзан со манжетната поставена околу раката. Може да биде програмиран на различни временски интервали да го мери притисокот, вообичаено секои 30 мин преку ден, 45-60 мин прекуноќ. Целосно е автоматизиран, што значи сам ја пумпа манжетната, го мери притисокот и ги ме морира вредностите во својата меморија. За време на мерењето пациентот треба да ја држи раката мирно со цел правилно мерење. После 24 часа,(или 48 часа)холтерот се демонтира и податоците се трансферираат во компјутер за понатамошна обработка.
Аудиометрија
Аудиометријата е метода на испитувањето на слухот што бара внимание, труд и знаење. Кога ќе се испитаат сите анамнестички податоци во поглед на ориентацијата, слушната перцепција, се применуваат ориентационите стови па потоа се пристапува кон слушна перцепција со аудиометриски методи.
Слуховната осетливост се мери со најтивкиот звук кој една личност може да гослушне, наречен праг на слушање. Овој праг на слушање кај луѓето се мери со аудиограм. Има база на записи од нај тивките звукови кои поттикнуваат реакција кај слушачот. Тестот е направен за звукови од различни фрекфенции.
Аудиометријата се врши така што пациентот преку слушалки слуша тонови од различни фреквенции и секогаш кога ќе слушне звук го притиска копчето на апаратот кој цело време го држи во својата рака за време на испитувањето. Пациентот за време на испитувањето е во кабина за мерење на слух, која е изолирана од надворешниот шум. Во секоја соба има т.н. бел шум од околу 30dB, која е присутна дури и кога се затворени сите прозорци и врати. За отстранување на овој бел шум е потребно да се изолира пациентот во аудиометриска кабина(тивка комора).

