
Систематски Прегледи
Деловниот свет исполнет со напорното темпо на живеење, работните обрски, долготрајни состаноци, доведува до постојана изложеност на стрес. Денеска ваквиот начин на живот е секојдневие на вработените во компаниите.Постојаната борба да се задржи работата и да се оствари поголем профит е главната причина која допринесува за стрес и појава на низа здравствени проблеми.
Иако главна цел на медицината е да ги лекува болестите сепак, во основа се стреми тие да се спречат. Понекогаш болестите е невозможно да се избегнат, но многу е битно навреме да се откријат и успешно се излекуваат. Затоа од непроценливо значење се превентивните здравствени (систематски) прегледи.
Во развиените земји, каде овој начин на живот ги покажа последиците кај голем број на деловно активни и професионално успешни луѓе, во компаниите воведен е т.н. превентивен преглед за сите вработени.
Следејќи ги современите медицински трендови Ројал Медика организира здравствени (систематски) прегледи кои вклучуваат повеќе дијагностички постапки како и сеопфатни лабораториски испитувања на крвта и урината т.е. темелен преглед на секој поединец. Со овие анализи се добива целосна слика за здравствената состојба на испитаникот. По испитувањата, се дава препорака за понатамошен третман на испитаникот, доколку е тоа потребно.
