A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Only variable references should be returned by reference

Filename: core/Common.php

Line Number: 257

Royal Medica
  • Регистрација
  • Контакт
    Стапете во Контакт
    Богданци
    Достапност:
    8:00 до 20:00
    Адреса:
    ул. Маршал Тито, број 131, Богданци

    тел: (+389) 34 223 600
    факс: (+389) 34 223 600
    Е-Пошта: royal.medica@yahoo.com

(+389) 34 223 600
Ројал Медика е првата поликлиника во јужниот дел на Македонија која успешно работи од 2008 година. Поликлиниката се простира на 1330 m2 простор за работа опремен со нова и модерна апаратура. Иницијативата да формираме здравствена установа беше водена од желбата да им се даде квалитетна услуга на луѓето од Богданци и околината се со една цел, поефикасно и побрзо откривање на болестите и нивно квалитетно и брзо лекување. Тоа не мотивира да основаме мала но модерна поликлиника каде на едно место во нашето Богданци ќе имаме можност да даваме високостручни и квалитетни здраствени услуги од областа на примарната и секундарната здравствена заштита т.е. дијагностика и амбулантско-поликлинички третман на заболувањата.

Предноста во нашата установа се заснова на блиската комуникација и соработка меѓу докторите и пациентите. Мултидисциплинарниот пристап овозможува пациентите во најбрз можен период да добијат точна дијагноза и да започнат со терапија за своето лекување.За таа намена во поликлиниката работат четири сектори: општа амбуланта, биохемиска лабораторија, специјалистичка ординација по радиодијагностика и хируршка амбуланта.

Основната цел на установата е да ги задоволува потребите на граѓаните за квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита. Водена од таа цел,поликлиниката од своето основање па се до денес,постојано се зголемува и развива и ја стекнува довербата на се поголем број пациенти. Соработуваме со повеќе болници, повисоки стручни установи, имаме голем број надворешни стручни соработници за брзо и ефикасно дијагностицирање на болеста на пациентот. За нас не постои поголемо задоволство од чувството дека некому сме му помогнале,а уште поголемо задоволство е тоа што сме го сториле на високостручен и целосно професионален начин, медицина заснована на докази во која нема место за импровизација.

На тие што ќе ни се доверат ќе им понудиме модерна форма на здравствени услуги која веќе одамна се применува во развиените земји, во смисол на здравствено посредување и ќе ги убрзаме долгите и непотребни процедури на чекање било да се работи за дијагностика или за лекување од повисок ранг во другите клинички здравствени установи,со закажување,спроведување и сл. Наша идејна определба ќе биде да ги прошириме нашите дејности и капацитети сразмерно на нашите можности и побарувања на населението за одредени здравствени услуги.Во контекст со врвната медицинска практика нудиме и консултантски здравствени услуги од страна на наши реномирани кадри и кадри од други клиники од областа на кардиологијата, пулмо-алергологијата, ендокринологијата, ортопедијата, нуклеарната медицина, урологијата, алтернативната медицина(акупунктура) и други медицински гранки. Нашата контунуирана медицинска едукација и работењето по теркот на светската медицина ке биде столбот на нашата поликлиника по што ќе не препознаваат во околината на Богданци и пошироко.







Повеќе слики од нашата галерија >>



© 2013 Total Media Production, all rights reserved.