ERROR!
- Почетна
- За Нас
- Услуги
Општа Медицина
Примарната здравствена заштита е филтер во здравствениот систем низ кој поминува најразличен состав на пациенти со најразлични здравствени проблеми (Повеќе...)
Радиодијагностика
На ова одделение се изведуваат сите рутински и контрасни РТГ иследувања на абдомен, желудник и дуоденум, снимања на жолчно кесе и канали, (Повеќе...)
Лабораториски Услуги
Поставувањето на правилна и точна дијагноза при секој лекарски преглед зависи од точноста и исправноста на лабораториските наоди (Повеќе...)
Систематски Прегледи
Иако главна цел на медицината е да ги лекува болестите сепак,во основа се стреми тие да се спречат.Понекогаш болестите е невозможно (Повеќе...)
Стоматологија
Иако главна цел на медицината е да ги лекува болестите сепак,во основа се стреми тие да се спречат.Понекогаш болестите е невозможно (Повеќе...)
- Персонал
- Новости
- Блог
- Настани
- Контакт
Рентген графија на граден кош
Рентген графија на граден кош, бели дробови и срце е неинвазивна базична дијагностика која се изведува со посебни РТГ апарати и дава слика на срцето, белите дробови, дишните патишта, крвните садови, скелетот на градниот рбет и градниот кош. Снимањето се изведува од страна на радиолошки технолог, снимката ја интерпретира рентгенолог. Може да се дијагностицираат трауматски, воспалителни или туморозни формации на снимената регија по што следат дополнителни иследувата.
Ехо Дијагностика
Ултразвукот е метод при кој лекарот со помош на сонда потпрена на телото на пациентот добива “прозорец” кој во живо дава можност за ориентација за состојбата на виталните органи.Методот во дијагностички размери е потполно безопасен, а во рацете на специјалистите е одлична дијагностичка алатка.Често се користи како метод за следење на болниот,но е многу корисен и за дијагноза на нови болести,а и како дополнување на другите дијагностички методи.Со ехо прегледот се гледаат сите внатрешни органи на телото и тоа:абдомен,уринарен тракт,колкови кај деца,тироидна жлезда,дојка,тестиси итн.
Ортопедија
Со прифаќање на современиот пристап за дијагностицирање на деформитетите и повредите на локомоторниот систем, што подразбира искористување на најсовремените постапки и најмодерна опрема , се доаѓа до добивање на точна дијагноза со задоволителни резултати и драстично намалување на процентот на компликациите.
Рентген панорамска снимка на забалото
Многу од промените кои се локализирани во внатрешноста на забите или во коските, а кои се уште не предизвикуваат никакви проблеми не ќе можат да се забележат без рентген панорамска снимка.
Како потсетување, Рентген панорамската снимка е неопходна при:
•Првиот преглед на пациентот
•При протетско, ортодонтско и хируршко планирање
•Детска стоматологија
•Дијагностицирање на кариес
•Дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити,полуимпактирани или импактирани заби
•Пародонтологија
•Деформитети на вилиците ( асиметрии, мандибуларен и максиларен прогнатизам, малоклузии)
•Трауми и фрактури на вилиците и забите
•Комплетен преглед на ТМЗ
•Тумори на вилиците ( бенигни и малигни )
•Преглед на параназалните синуси
•Преглед на носните отвори
•Преглед на средниот лицев скелет ( максила, зигоматична коска и орбита)
Систематската анализа на направените снимки покажува дека приближно на околу една третина од нив, се откриваат случајни наоди кои дотогаш не предизвикувале потешкотии кај пациентот и кои лекарот не можел да ги открие при вршењето на прегледот.
Мамографија
Мамографијата е радиолошка метода за преглед на дојките. Таа има за цел да пронајде евентуално постоење на промена на дојката, навремено откривање на малигни трансформации кога лекувањето е скоро 100 %. Секоја жена мора да го направи во текот на својот живот почнувајќи веднаш по навлегувањето во третата деценија. Ако досега немате направено мамографија, потребно е веднаш да закажете преглед.
Мамографијата своето име го добила по апаратот кој се нарекува мамограф. Тоа е мала рентгенска цефка која емитира мала доза на зраци. Со дозата на зраци што ја емитира ја визуелизира внатрешноста на дојката и има способност да открие евентуални промени на ткивото.
Мамографијата се изведува така што дојката се сместува помеѓу две плочи, така се притиска за да се добие остра слика и да се избегнат грешки. По силното притискање е неопходно за да се добие правилна и остра слика, тоа овозможува снимањето да се одвива со мала количина на Х зраци, а фиксирањето не дозволува дојката да се помрдне и да се добие лоша слика.
Важно е да се знае:
- на мамографија не одете седум дена пред менстуалниот циклус, бидејќи дојките се натечени и болни, а за време на процедурата е неопходно тие да се стиснат, што може да доведе до болки и нелагодности. Ако стискањето е мало, може да се добие лоша слика.
- пред мамографија не смеете да користите дезодоранс или било што слично што се аплицира под пазувите бидејќи тоа може да ја промени сликата.
- мора да го предупредите лекарот доколку имате импланти, тоа исто така ќе ја промени сликата
- мората да му кажете на лекарот доколку сте бремени или имате било какви промени на дојката
Мамографијата е безбедна процедура која нема да ви одземе ништо друго,освен малку време,а може да ви го спаси животот.
Компјутерска Томографија (КТ-скен)
Компјутерската томографија (КТ) користи посебна опрема со рендген зраци за добивање на слики од телото од различни агли. Податоците се анализираат и се обработуваат со помош на компјутер. Така се добиваат дигитални слики кои прикажуваат пресеци на телото низ органите и ткивата. На тој начин се овозможува тродимензионален детален приказ на надолжни и на напречни пресеци на сите ткива и органи. КТ е најпрецизна дијагностичка метода.
КТ скенот е посебно корисен бидејќи прикажува повеќе различни типови на ткива – бели дробови, коскено ткиво, меко ткиво (мускули и сврзно ткиво) и крвни садови и тоа со голема јасност. КТ бара посебни просторни услови и посебно обучен кадар (радиолошки технолози и лекари - радиолози) и се изведува во дијагностички или клинички медицински центри. Со помош на КТ скенот многу полесно се дијагностицираат разни заболувања како : карциномите, кардиоваскуларните болести, инфективните болести, повредите и болестите на мускулно – скелетниот систем.
Како се изведува прегледот на КТ уредот ?
КТ е безболна, неинвазивна метода. Таа е брза и едноставна метода и не е потребна посебна подготовка на пациентот. Радиолошкиот технолог го позиционира пациентот на креветот на КТ – скенот. Пациентот може да лежи на грб или на стомак, во зависност од тоа кој дел на телото треба да се скенира. Откога правилно ќе се позиционира пациентот, за што се користи систем на ласери, пациентот се внесува во отворот на КТ уредот. При КТ прегледот често се употребуваат контрастни средства за подобар увид во одредени ткива и крвни садови. Контрастниот материјал, во зависност од испитувањето може да се испие (орално контрасно средство), а во некои случаи е потребно да се даде и интравенско контрастното средство, во вид на инекција. Компјутерското снимање на крвните садови претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер со која се откриваат бројни заболувањата на крвите садови. Пред давање на контрастен материјал потребно е да праша пациентот дали е алергичен на некои лекови, посебно на лекови кои содражат јод. Исто така треба да се земе и детална анамнеза на пациентот во смисло на постоење на некои хронични заболувања како на пример : шеќерна болест, астма, кардиоваскуларни заболувања или бубрежни и тироидни болести. Овие состојби се поврзани со повисок ризик на реакција на пациентот кон контрастниот материјал како и во поспора елиминација на контрастот по прегледот. КТ прегледот обично трае од неколку минути до половина час. Кога прегледот ќе заврши, пациентот треба да почека за да се оцени дали се потребни уште некои дополнителни снимања.