A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Only variable references should be returned by reference

Filename: core/Common.php

Line Number: 257

Royal Medica
  • Регистрација
  • Контакт
    Стапете во Контакт
    Богданци
    Достапност:
    8:00 до 20:00
    Адреса:
    ул. Маршал Тито, број 131, Богданци

    тел: (+389) 34 223 600
    факс: (+389) 34 223 600
    Е-Пошта: royal.medica@yahoo.com

(+389) 34 223 600

ТОП 5 ПРЕГЛЕДИ ЗА ЖЕНИ НАД 50 ГОДИНИ


Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања уште пред појавата на првите знаци или симптоми на болест.Превентивните прегледи,водени од искусен лекар и насочени индивудуално,според вашите лични карактеристики-пол,возраст,медицинска и фамилијарна историја,можат да откријат одредени ризик фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања кои ви се закануваат.Ви препорачуваме 5 скрининг тестови за жени над 50-годишна возраст кои ќе ви помогнат да ги откриете болестите навреме бидејќи раната дијагноза може да ви го спаси животот.

1.ТЕСТОВИ ЗА КАРЦИНОМ НА ДОЈКИ
Жените не смеат да го занемарат мамограмот како најмоќна алатка во раното откривање на ракот на дојката.Секоја жена на возраст од 40 години треба еднаш на две години да направи мамографија, а на возраст од 50 години овој скрининг треба да се спроведува кај секоја жена еднаш годишно. Мамографот претставува рентгенски преглед на дојки со чија помош може да се откријат тумори со најмали димензии кои не можат да се откријат со самопреглед.

2.ТЕСТОВИ ЗА ОСТЕОПОРОЗА
Една од две жени постари од 50 години има скршеница како последица на остеопороза,која се карактеризира со губење на густината на коските. Остеопорозата е подмолна болест и најчесто не дава никакви тегоби во почетен стадиум. Во најголем број случаи се открива дури по првата скршеница. Затоа од голема важност е нејзино навремено дијагностицирање со цел да се спречи понатамошниот развој на болести. Важи едно правило – секоја жена која е во менопауза или имала скршеница треба да направи DEXA скен за оценка на коскената густина!

3.СКРИНИНГ ЗА КАРЦИНОМ МА ГРЛО НА МАТКА
Од 60% од случаите на карцином на грлото на матката се дијагностицираат кај жени над 50 години.Целта на превентивните гинеколошки прегледи е откривање на промените на грлото на матката пред да се развие малигна болест.Што порано се дијагностицира,шансите за излекување се поголеми.Во почетниот стадиум болеста најчесто нема никакви симптоми.Се препорачува секоја жена над 50 години еднаш годишно да направи гинеколошки преглед кој вклучува ехо и ПАП тест.

4.СКРИНИНГ НА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА
Кај жените во менопауза,кај кои нивото на естроген драстични се намалува,расте опасноста од срцев удар.Според истражувањата,кај една од 5 жени по 50-тата година се развива срцево заболување.Затоа кај оваа група жени се препорачуваат кардиолошки прегледи еднаш годишно кој вклучуваат интернистички преглед,ЕКГ,комплетна лабораторија и ехо на срце.

5.ТЕСТОВИ ЗА КАНЦЕР НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО
Карциномот на дебелото црево е трет по честота карцином во светот.Иако може да се јави и порано,Најчест е кај жени по 50-тата година од животот.Една од дијагностичките процедури е тест за окултно крварење,и се прави еднаш годишно.Доколку е позитивен,потребно е да се направат дополнителни испитувања,како колоноскопија,која претставува златен стандард во дијагноза на овој вид карцином.Се препорачува да се прави на секои 5 години кај жени постари од 50 години, а кај лицата со ризик и почесто.Ако постои позитвна фамилијарна историја за карцином на дебелото црево,превентивните прегледи треба да почнат многу порано, уште на возраст од 40 години.


Блог


ТОП 6 ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА МАЖИ НАД 50 ГОДИНИ

  • 02 Мај, 2014
Превентивните прегледи за мажи над 50 години се исклучително корисни поради тоа што голем број заболувања немаат симптоми и можат да се развиваат во текот на подолг период.Ние ви препо (...)


Архива



© 2013 Total Media Production, all rights reserved.