A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Only variable references should be returned by reference

Filename: core/Common.php

Line Number: 257

Royal Medica
  • Регистрација
  • Контакт
    Стапете во Контакт
    Богданци
    Достапност:
    8:00 до 20:00
    Адреса:
    ул. Маршал Тито, број 131, Богданци

    тел: (+389) 34 223 600
    факс: (+389) 34 223 600
    Е-Пошта: royal.medica@yahoo.com

(+389) 34 223 600

ТОП 6 ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА МАЖИ НАД 50 ГОДИНИ


Превентивните прегледи за мажи над 50 години се исклучително корисни поради тоа што голем број заболувања немаат симптоми и можат да се развиваат во текот на подолг период.Ние ви препорачуваме 6 скрининг тестови за мажи на 50-годишна возраст кои ќе ви помогнат да ги откриете болестите навреме бидејќи раната дијагноза може да ви го спаси животот.
КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ?
Вредноста и квалитетот на секој превентивен преглед се состои во тоа да ви понуди препораки за промена на животниот стил,навиките,начинот на исхрана и да ви посочи патеки за поуспешно “управување” со вашето здравје.Многумина од вас ќе го искористат овој т.н. медицински ckeck-up за консултации со веќе постоечко заболување, но и за подетални информации околу одредени стравувања кои ги имате за вашето здравје, а најчесто се во врска со фамилијарната историја на заболувања.Ви посочуваме кои се задолжителни прегледи за секој маж над 50 години кои мора да ги направи.
1.ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
Се препорачува кај мажи со покачен крвен притисок,со семејна историја оптоварена со кардиоваскуларни заболувања и кај мажи со шеќерна болест и/или бубрежна болест.Исто така,исклучително важен преглед е ехото на каротидните артерии каде се мери дебелината на двата внатрешни слоеви на ѕидот од артериите.Се изведува со цел да се одреди присуство на атеросклеротична болест на каротидните артерии кои се задолжени за носење кислород и крв до мозокот.Двете каротидни артерии се наоѓаат на двете страни од вратот и крвта која проаѓа низ нив може да биде делумно или целосно попречена од масните наслаги.Ваквата блокада може да го намали доводот на крв во мозокот и да предизвика мозочен удар.Затоа,тестот се изведува еднаш годишно кај луѓе над 50 години.
2.СКРИНИНГ ТЕСТОВИ ЗА КАРЦИНОМ НА ПРОСТАТА
Еден од најважните превентивни прегледи што треба да бидат направени кај секој маж е прегледот на простата.Карциномот на простата,како и дебелото црево,е поврзан со возраста и најчесто се јавува кај мажи над 50-годишна возраст.Проблемите со простата се зголемуваат со возраста поради хормонални промени во организмот.Скринингот на простата вклучува одредување на PSA тумор маркер,ректален преглед и ехо еднаш годишно.Прегледи на секои 6 месеци се препорачуваат кај мажи кои имаат генетски предиспозиции за ова заболување или кај мажи кај кои има зголемување на простата.
3.СКРИНИНГ ТЕСТОВИ ЗА КАНЦЕР НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО
Ракот на дебелото црево во голема мера е поврзан со возраста.Скринингот за оваа болест е многу важен за мажи на возраст над 50 години.Овој скрининг вклучува тест за фекално крварење и колоноскопија.Мажите со висок ризик од карцином на дебелото црево треба да ги прават овие прегледи на секои 6 месеци.
4.НИВО НА ИНСУЛИН МЕРЕН НА ГЛАДНО
Ова е едноставен тест за гликоза кој се изведува на гладно срце.Возможно е да имате ниски вредности на гликоза на гладно срце,а,сепак значајно покачени вредности на инсулин.Се препорачува сите луѓе над 50 години да направат скрининг за дијабетес од тип 2,дури и ако немаат симптоми или дополнителни ризик фактори освен возраста.Доколку личноста има дополнителни ризик фактори,скринингот е задолжителен.
5.ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ХРОНИЧНИ БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА
Овој преглед е задолжителен кај мажи со покачен крвен притисок,со семејна историја за бубрежни заболувања и кај мажи со шеќерна болест,
6.СКРИНИНГ ТЕСТОВИ ЗА ОСТЕОПОРОЗА
Овие тестови треба да се прават кај секој маж постар од 50 години кој има ризик фактори за развој на остеопороза:пушачи, астматичари, тешко подвижни, болни од малигна болест.

Блог


ТОП 5 ПРЕГЛЕДИ ЗА ЖЕНИ НАД 50 ГОДИНИ

  • 06 Фев, 2014
Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања уште пред појавата на првите знаци или симптоми на болест.Превентивните прегледи,во (...)


Архива



© 2013 Total Media Production, all rights reserved.